Posts

Креативни денови/ Бар Чаршија

Image
Во соработка со Бар Чаршија во подолг временски период организиравме повеќе креативни настани со изложби на фотографии, промоција на боенка, Dj сетови, помали фестивали.  Фотографии Вера Христовска

Инстаграмџии изложба/ Концепт 37

Image
Серијалот на изложби со инстаграм фотографии продолжи во Скопје во Концепт 37. Првата изложба беше организирана во Јуни месец, а поради големиот интерес организиравме и втора изложба во Декември месец. И двете изложби имаа огромна посетеност, организирани во опуштена атмосфера со Dj сетови и одлична дружба. Изложбите беа повторно со донациски карактер, па донациите беа распределни на луѓе кои имаа потреба од нив.  Фотографии: Димитар Чунговски, Александар Буневски

Работилница за актерство

Image
Работилницата за актерство на соло пејачи беше организирана од средно музичко училиште и камерната опера на Битола, предводена од проф.д-р. Филип Ристовски кој предава на универзитетот во Букурешт. Фотографиите се од нивната проба и актерска игра.