Posts

Ренесанс Фестивал 1 ден

Image
Фестивалот Ренесанс, се одржа од 10 - 13 Јули 2013 година, во склоп на Битфест, под покровителство на општина Битола, во организација на здружението за културно - уметничка дејност „Кливаж“. Во рамките на ова издание од фестивалот , беа организирани повеќе настани, меѓу кои либротека, изложби, Dj сетови, настапи во живо. Идејата за самиот фестивал е поттикната уште пред две години, (кога се одржа првото издание на фестивалот - Парадокс), за да се овозможи истакнување на слобода на креативност, пред се’ на локалните уметници, а секако и на гости од повеќе земји. Целта на овој вид на фестивал е претставување на различни мултимедијални проетки од повеќе аспекти на уметничкиот свет, со цел да се воспостави што поголема интеракција со публиката. 10.07. СРЕДА  17:00ч   Либротека во Камарите, штанд на кој што беа поставени книги, списанија и цд-а, со цел да се разменуваат со публиката и да се воспостави интеракција со истата. 20:00ч    Отворање на изложба на ф...

Вкусовите на античките јадења

Image
Овој проект беше претставен во рамките на Битолско културно лето, 2012 год. и има за цел да го прикаже и популаризира културното античко наследство од Античка Македонија (од областа Хераклеа Линкестидска). Александар Попоски(дипл.класичен филолог)-член на мултимедијалната група CLIVAGE е еден од тројцата автори на сценаријата  за 10 епизоди во кои покрај античките рецепти од книгата на М.Г.Апикиј се прикажани и обичаите,начинот на исхрана,верувањата и сл. на античкото население во нашите простори во времето на римката империја.Како основна идеа на овој проект е драматизирање на личности кои епиграфски се потврдени дека живееле во античките градови во  Античка Македонија,a настаните се  измислени. Епизодите изобилуваат со историски настани,митологија и обичаи кои се вкусно вткаени во содржината на секоја епизода во која е прикажан и подготвен еден или повеќе рецепти.Епизодите се снимени и прикажувани од страна на ТЕРА Телевизија - Битола.     ...

Moss Garden/ Understanding Holy Ghosts

Image
Aмбиентален музички проект со Lee Norris (UK) Димитар Додовски (р.1980) http://dimitardodovski.tumblr.com/ Продуцент и диџеј, живее и работи во Битола. Повремено работи и графички дизајн, видео а има и настапувано со свој уметнички перформанс на Урбан Фестивал во Загреб, Хрватска. Поголемиот дел од времето се фокусира на музичкиот дел особено проектот  Moss Garden  заедно со  Lee Norris (UK)  кој добива најпозитивни оценки на светските сајтови кои третираат електронска музика. Со својот самостоен музички проект кој се движи во водите на експерименталната електронска музика досега настапувал безброј пати на разни домашни фестивали и настани од помал обем од кои најинтересни се настапите со Сашко Костов во рамките на  De:sonanz  фестивалот во 2009 и   Здраво Млади фестивалот во 2011. Moss Garden – Understanding Holy Ghosts http://naturebliss.bandcamp.com/album/understanding-holy-ghosts Видео за проектот Moss Garde...

Фемфест во Прилеп и Скопје

Image
Учесници:  Dj set  Vera Umka & Pit the Sample  / Вера Христовска & Петар Димоски  Dj set  Vera Umka  / Вера Христовска  Трговија со луѓе & Феминизам / Видео перформанс / Вера Христовска  Соработка со   Mnemonic45 / Goce Gligurovski Официјална веб страна   http://femfestmk.wordpress.com/ Програма на фестивалот  http://femfestmk.wordpress.com/about/                                        http://femfestmk.wordpress.com/about/ Трговија со луѓе / Видео перформанс / Вера Христовска

Парадок Фестивал

Image
Идејата за самиот фестивал е поттикната од потребата за уметничкиот израз, претендирајќи пред се локални артисти, независно од правецот на уметност во кој делуваат. Исто така е застапено учество на артисти од други земји, кои би сакале да гостуваат. Фестивалот е од помал размер, еден вид на gathering и претставува независен уметнички проект. Првото издание на Парадок фестивалот се одржа од 10-12.07.2012 година во клуб Камарите. Покрај македонски артисти, учествуваа и француски артисти. Програмата на фестивалот опфаќа мешовит концепт од музичка, филмска и ликовна уметност.  Nils Bouvyer, уметник од Лион, Франција, кој студирал камера на универзитетот во Кореја, претстави два кратки филма, во кои актерска екипа беа студенти од катедрата за актерство во Кореја. Беа прикажани оригиналните клипови на екипата на Ситносецкано. Проекциите на кратки филмови се одржуваа секој ден, за време на фестивалот. За време на трите фестивалски денови, беа поставени Либротеката, чија цел беше ин...