Парадок Фестивал
Идејата за самиот фестивал е поттикната од потребата за уметничкиот израз, претендирајќи пред се локални артисти, независно од правецот на уметност во кој делуваат. Исто така е застапено учество на артисти од други земји, кои би сакале да гостуваат. Фестивалот е од помал размер, еден вид на gathering и претставува независен уметнички проект.
Првото издание на Парадок фестивалот се одржа од 10-12.07.2012 година во клуб Камарите. Покрај македонски артисти, учествуваа и француски артисти. Програмата на фестивалот опфаќа мешовит концепт од музичка, филмска и ликовна уметност.
Nils Bouvyer, уметник од Лион, Франција, кој студирал камера на универзитетот во Кореја, претстави два кратки филма, во кои актерска екипа беа студенти од катедрата за актерство во Кореја. Беа прикажани оригиналните клипови на екипата на Ситносецкано. Проекциите на кратки филмови се одржуваа секој ден, за време на фестивалот.
За време на трите фестивалски денови, беа поставени Либротеката, чија цел беше интеракција со публиката, размена на цд-а, списанија, книги, стрипови, поставени на полиците од влезниот дел од клубот, која имаше фантастичен одзив. И инсталацијата на оригами, чија цел беше запознавање на индивидуата со старата јапонската техника на моделирање на хартија.
Вечерта е резервирана за Dj сетови и визуелни проекции, конципирани и презентирани за време на трите фестивалски денови, од страна на македонски артисти.
Program of the Festival
Програма на Фестивалот:
Вторник /10.07.2012
12-13ч / Александар Попоски / интро
13-14ч / Peace orchestra / винил
14-15ч / Leave / mix
16ч / Либротека / поставка
17ч / Оригами инсталација / поставка
20ч / Ситно сецкано / видео проекција
22ч / Dj сет / Петар Димоски & Вера Умка
Среда /11.07.2012
12-14ч / LP Ретро сенс
20ч / Nils Bouvyer / видео проекција
22ч / Dj сет + визуелизација / Јордан Николов
Четврток /12.07.2012
12ч / SO'80 / Александар Попоски & Петар Димоски
20ч / Арт видео проекција
22ч / Dj сет + визуелизација / Вера Умка