Posts

Showing posts from March, 2013

Вкусовите на античките јадења

Image
Овој проект беше претставен во рамките на Битолско културно лето, 2012 год. и има за цел да го прикаже и популаризира културното античко наследство од Античка Македонија (од областа Хераклеа Линкестидска). Александар Попоски(дипл.класичен филолог)-член на мултимедијалната група CLIVAGE е еден од тројцата автори на сценаријата  за 10 епизоди во кои покрај античките рецепти од книгата на М.Г.Апикиј се прикажани и обичаите,начинот на исхрана,верувањата и сл. на античкото население во нашите простори во времето на римката империја.Како основна идеа на овој проект е драматизирање на личности кои епиграфски се потврдени дека живееле во античките градови во  Античка Македонија,a настаните се  измислени. Епизодите изобилуваат со историски настани,митологија и обичаи кои се вкусно вткаени во содржината на секоја епизода во која е прикажан и подготвен еден или повеќе рецепти.Епизодите се снимени и прикажувани од страна на ТЕРА Телевизија - Битола.     ...

Moss Garden/ Understanding Holy Ghosts

Image
Aмбиентален музички проект со Lee Norris (UK) Димитар Додовски (р.1980) http://dimitardodovski.tumblr.com/ Продуцент и диџеј, живее и работи во Битола. Повремено работи и графички дизајн, видео а има и настапувано со свој уметнички перформанс на Урбан Фестивал во Загреб, Хрватска. Поголемиот дел од времето се фокусира на музичкиот дел особено проектот  Moss Garden  заедно со  Lee Norris (UK)  кој добива најпозитивни оценки на светските сајтови кои третираат електронска музика. Со својот самостоен музички проект кој се движи во водите на експерименталната електронска музика досега настапувал безброј пати на разни домашни фестивали и настани од помал обем од кои најинтересни се настапите со Сашко Костов во рамките на  De:sonanz  фестивалот во 2009 и   Здраво Млади фестивалот во 2011. Moss Garden – Understanding Holy Ghosts http://naturebliss.bandcamp.com/album/understanding-holy-ghosts Видео за проектот Moss Garde...