Вкусовите на античките јадења

Овој проект беше претставен во рамките на Битолско културно лето, 2012 год. и има за цел да го прикаже и популаризира културното античко наследство од Античка Македонија (од областа Хераклеа Линкестидска).
Александар Попоски(дипл.класичен филолог)-член на мултимедијалната група CLIVAGE е еден од тројцата автори на сценаријата  за 10 епизоди во кои покрај античките рецепти од книгата на М.Г.Апикиј се прикажани и обичаите,начинот на исхрана,верувањата и сл. на античкото население во нашите простори во времето на римката империја.Како основна идеа на овој проект е драматизирање на личности кои епиграфски се потврдени дека живееле во античките градови во  Античка Македонија,a настаните се  измислени.
Епизодите изобилуваат со историски настани,митологија и обичаи кои се вкусно вткаени во содржината на секоја епизода во која е прикажан и подготвен еден или повеќе рецепти.Епизодите се снимени и прикажувани од страна на ТЕРА Телевизија - Битола.







 
Во прилог: рецепт











Popular posts from this blog

Moss Garden/ Understanding Holy Ghosts

Фемфест во Прилеп и Скопје

Парадок Фестивал