Артклуб STAGE

Оригами изложба 

Во 2002 година во артклуб STAGE е поставена изложба на оригами, во организација на KUD AKUOESTET, групација  организирана од повеќе уметници, насловена  Љубов, мир, заедница / комуникација, под покровителство на Завод, музеј  и галерија. Изложбата е прва публикувана изложба на оригами во Битола.
На поставката беа претставени оригами (јапонски фигури од хартија), во најразлични алтернативни форми, пласирајќи ја идејата од ништо да се направи нешто, односно, да се поттикне публиката да размислува за процесот на општественото развивање и изградување на личноста како индивидуа. 
Ова традиционално јапонско хоби, започнува да се применува во раните 700 години, кога за првпат хартијата е воопшто пронајдена во Јапонија. Хартијата била користена за декорација во религиозни церемонии, декорации на подароци и писма во кралската палата...
Изложбата е подготвувана во период од два месеци, во атеље просторија во Музеј на град Битола. Од материјали се користени паус хартија, хартии во боја А4 формат, различни бои, жила, дрвена инсталација, рефлектори. Поставката траеше 3 недели, а одзивот на публиката е повеќе од задоволувачки, интеракција, голема заинтересираност, максимална посетеност на просторот, продажба на одредени дела.


























Изложба на стари клучеви

Концептот на оваа изложба, претставува одвојување на граѓанинот од материјалните наметнати начела, од страна на униформирана заедница  и доближување до космичките искуства, искуство во отсуство на гравитација, каде што првенствено важат прецизни пресметки и строга дисциплина, застрашувачка оддалеченост и висока ментална подготвеност. Поставката е изложена две недели, од страна на Г-дин Дончо Ристевски, колекцинер на старини. Ова е прва негова публикувана изложба.




















Popular posts from this blog

Moss Garden/ Understanding Holy Ghosts

Фемфест во Прилеп и Скопје

Парадок Фестивал