Ренесанс Фестивал 1 ден
Фестивалот Ренесанс, се одржа од 10 - 13 Јули 2013 година, во склоп на Битфест, под покровителство на општина Битола, во организација на здружението за културно - уметничка дејност „Кливаж“. Во рамките на ова издание од фестивалот , беа организирани повеќе настани, меѓу кои либротека, изложби, Dj сетови, настапи во живо. Идејата за самиот фестивал е поттикната уште пред две години, (кога се одржа првото издание на фестивалот - Парадокс), за да се овозможи истакнување на слобода на креативност, пред се’ на локалните уметници, а секако и на гости од повеќе земји. Целта на овој вид на фестивал е претставување на различни мултимедијални проетки од повеќе аспекти на уметничкиот свет, со цел да се воспостави што поголема интеракција со публиката.
10.07. СРЕДА
17:00ч Либротека во Камарите, штанд на кој што беа поставени книги, списанија и цд-а, со цел да се разменуваат со публиката и да се воспостави интеракција со истата.
20:00ч Отворање на изложба на фотографии, во Порта Џезз, која е поставена од 10-20 Јули. Учесници се повеќе македонски фотографи: Маџит Бајрамов, Вера Христовска, Елена Фидановска, Весна Тирицовска, Александар Буневски, Влатко Христовски и Илија Тирицовски. Темата е слободна, а претставени се и аналогната и дигиталната фотографија.
21:30ч Dj сет Димитар Додовски и Александар Попоски / „Afro & Disco
Night“, во Порта Џез.
21:30ч Dj сет Сир Гоце, во Камарите.