Ренесанс Фестивал 3 ден
Фестивалот Ренесанс, се одржа од 10 - 13 Јули 2013 година, во склоп на Битфест, под покровителство на општина Битола, во организација на здружението за културно - уметничка дејност „Кливаж“. Во рамките на ова издание од фестивалот , беа организирани повеќе настани, меѓу кои либротека, изложби, Dj сетови, настапи во живо. Идејата за самиот фестивал е поттикната уште пред две години, (кога се одржа првото издание на фестивалот - Парадокс), за да се овозможи истакнување на слобода на креативност, пред се’ на локалните уметници, а секако и на гости од повеќе земји. Целта на овој вид на фестивал е претставување на различни мултимедијални проетки од повеќе аспекти на уметничкиот свет, со цел да се воспостави што поголема интеракција со публиката.
12.07 ПЕТОК
20:00ч „Кантервилскиот Дух“ од Оскар Вајлд, перформанс со сенки, во Магаза. Учесници: Никола Стефанов-наратор, Петра Попоска -
адаптација, Александар Попоски и Вера Христовска - изведба, Гоце Глигуровски-звук,
Ана Попоска-илустрација.
21:00ч Dj сет & Visuals, во Градски парк. Учесници: Петар Димоски, Вера Умка, Јован Георгиев (live), Тони Димитров (Postglobal/ Kanal 103), Виктор Ристевски.