Инстаграмџии изложба

Во 2015 година сосема спонтано неколку пријатели од Битола создадовме колектив наречен инстаграмџии. Целта беше дружење и правење на изложби со авторски фотографии од инстаграм, чисто рекреативно. Првата изложба беше поставена во кафе бар Радост заедно со Dj сет. Изложбата помина одлично, па поради големиот интерес решивме да продолжиме со ваков тип на изложби. Следната беше поставена во Мезе бар 102. Фотографиите за овие изложби се со мал формат 15х15цм. Замислата беше поставеност на изложба на фотки да потсеќа на моментите во малите градчиња во Италија кога ги сушат алиштата на жица или конец. Така и фотките беа поставени на тутунски конец фатени со штипки а помеѓу нив и по некој чорап или долен веш.

Фотографии Александар Буневски, Вера Христовска












































Popular posts from this blog

Фемфест во Прилеп и Скопје

Ренесанс Фестивал 2 ден

Moss Garden/ Understanding Holy Ghosts