Инстаграмџии изложба/ Бар Чаршија
Во 2015 година организиравме 2 изложби во Бар Чаршија (стар турски ан) на инстаграм фотографии од разни инстаграм профили кои праќаа фотографии на нашиот хаштаг #инстаграмџии. Првата беше поставена во летниот период, а втората изложба во зимски период. Изложбите ги правевме со цел на дружба но и донаторски, така да со секоја купена фотка за симболична цена собраните донации ги уплаќавме на сметки на лица за здравствени услуги. Ова беше начин на интеракција на публиката со авторите и нивните фотографии.
Фотографии Александар Буневски