Posts

Инстаграмџии изложба/ Бар Чаршија

Image
Во 2015 година организиравме 2 изложби во Бар Чаршија (стар турски ан) на инстаграм фотографии од разни инстаграм профили кои праќаа фотографии на нашиот хаштаг #инстаграмџии. Првата беше поставена во летниот период, а втората изложба во зимски период. Изложбите ги правевме со цел на дружба но и донаторски, така да со секоја купена фотка за симболична цена собраните донации ги уплаќавме на сметки на лица за здравствени услуги. Ова беше начин на интеракција на публиката со авторите и нивните фотографии.  Фотографии Александар Буневски

Мурали

Image
 Изработени мурали од дел од кливаж тимот за клубот Хауз бар и клуб Артикултура. Рачно сликани со поликолор бои и четки.

Инстаграмџии изложба

Image
Во 2015 година сосема спонтано неколку пријатели од Битола создадовме колектив наречен инстаграмџии. Целта беше дружење и правење на изложби со авторски фотографии од инстаграм, чисто рекреативно. Првата изложба беше поставена во кафе бар Радост заедно со Dj сет. Изложбата помина одлично, па поради големиот интерес решивме да продолжиме со ваков тип на изложби. Следната беше поставена во Мезе бар 102. Фотографиите за овие изложби се со мал формат 15х15цм. Замислата беше поставеност на изложба на фотки да потсеќа на моментите во малите градчиња во Италија кога ги сушат алиштата на жица или конец. Така и фотките беа поставени на тутунски конец фатени со штипки а помеѓу нив и по некој чорап или долен веш. Фотографии Александар Буневски, Вера Христовска